287
Полицијата во Лас Вегас во понеделникот упадна во куќа како дел од истрагата за убиството на раперот Тупак Шакур.
Раперот е убиен во далечната 1996 година, а како што пишува „Дејли мејл“, детективите сега издале налог за претрес во куќа во Хендерсон.
Потсетуваме, раперот беше ранет на 7 септември во пукање на раскрсницата на патот Фламинго и Ковал Лејн во Лас Вегас. Потоа бил однесен во Универзитетскиот медицински центар во Јужна Невада, каде што починал шест дена подоцна, а случајот останува нерешен.
Нема подетални информации за актуелниот претрес на куќата во Хендерсон.