Филмот „Барби“ ќе има премиера на 20 јули, а се чини дека целиот свет со нетрпение го очекува најновото остварување на Грета Гервиг.
Насловната улога ја толкува Маргот Роби, додека Рајан Гослинг ја толкува улогата на Кен. И додека сите, врз основа на трејлерот и првите критики, коментираат како и двајцата завршиле фантастична работа во овие задачи – манијата околу овој филм не стивнува.
Последен доказ за тоа е фактот што ако го впишете името на филмот во пребарувачот на Google, целиот екран станува розев, а во исто време се појавуваат розови ѕвезди.
Инаку, на истиот датум се очекува и премиерата на новиот филм на Кристофер Нолан „Опенхајмер“, а холивудските студија во голема мера создадоа „војна“ меѓу овие две продукции. Благајните ширум светот ќе покажат кој филм ќе постигне поголем финансиски успех, додека критичарите имаат потешка задача – да проценат кое достигнување заслужува награди и признанија.