На „Богородица“ за излез се чека околу половина час

од Nikola Popovski
208 прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопштија утрово од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

На ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.  На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини