Актерката Рене Зелвегер се вери со 10 години помладиот британски водител Ант Астед.
Двократната оскаровка со години го чуваше во тајност својот приватен живот, но тоа не можеше да го сокрие.
Познато е дека актерката, најпозната по улогата на Бриџит Џонс, кон крајот на деведесеттите се верила со актерот и комичар Џими Кери, но нивната емотивна врска не траеше долго. По неколку неуспешни врски, со музичарот Џек Вајт, холивудскиот заводник Бредли Купер и неуспешниот четиримесечен брак со кантри пејачот Кени Чесни, Рене ја најде среќата во шестата деценија со британски водител кој е 10 години помлад од неа.
Рене и Ант се во врска од 2021 година, а по две години врска се верија.
„Тие сакаат свадбената церемонија да биде мала и интимна. Јавно нема да објават дека се венчаат бидејќи не го сакаат вниманието на луѓето и медиумите. Рене ги известила само нејзините најблиски пријатели и семејството. Таа е многу среќна со него и не сака ништо да ѝ ја расипе среќата“, изјавил извор за „Дејли Мејл“.