Не престанува да шокира: Меган Фокс во кино во црна чипкана комбинација (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
515 прегледи

Актерката Меган Фокс (37), која помладите генерации ја паметат по улогата во филмот „Трансформери“, не престанува да изненадува со најновите стајлинзи.

Екстравагантните изданија се дел од неа каде и да се појави, а не ѝ е непознато и честото менување на бојата на коса. Неодамна таа позираше само во проѕирен, влажен фустан, под кој ѝ се гледаа градите. Иако е за потребите на фотосесии и маркетиншки кампањи, сепак многумина веруваат дека за толкава голотија нема место на социјална мрежа како што е Инстаграм, туку на страница за возрасни.

Претходно, Меган зборуваше за нејзината борба со телесна дисморфија, нарушување на менталното здравје во кое лицето ги доживува деловите од своето тело како крајно грди, деформирани и непривлечни.

Овој пат таа се прошета со вереникот Машин Ган Кели со кој имаше турбулентен период.

Таа беше фотографирана со него на пат кон кино во ултимативно, за многумина, евтино модно издание. Таа носеше чипкана маица со длабоко „ве“ деколте во кое ѝ беа откриени градите, а одоздола беше во црно мини здолниште со чипкаст раб. За работите да бидат уште побизарни, таа имаше вртоглаво високи потпетици на нозете.

Слични содржини