Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер најави дека ќе има уште лица од Македонија кои ќе се најдат на црната листа со санкции, но дека во моментов не може да каже кој ќе биде следен. Агелер на прес-конференција во американската амбасада истакна дека оваа листа е 100% неполитички и не е лична.
Ова е многу сериозно назначување. Има повеќе личности и организации кои во секој момент се разгледуваат, објасни Агелер откако вчера беше ставен и бизнисменот Орце Камчев под санкции на САД.
Амбасадорката порача дека корупцијата не треба да се толерира, а одлуките што би можеле да следат од правосудните органи и други институции зависат од нив самите.
Злоупотребата на службената положба, перењето пари, митото, во кои господинот Камчев бил дел, не само што ја нарушува довербата во правосудните институции, туку претставува и предавство на граѓаните на оваа држава. За Северна Македонија да ги надмине сите предизвиции кои се пред неа, како и да го забрза членството во ЕУ, корупцијата не смее туку така да проаѓа. Одговорните лица мора да одговараат за делата, нагласи Агелер пред претставниците на медиумите.