Повеќе од 40 земји заинтересирани за членство во БРИКС

од Vladimir Zorba
502 прегледи

Повеќе од 40 земји се заинтересирани да се приклучат на БРИКС, група брзорастечки економии, објави во четвртокот висок јужноафрикански дипломат.

Анил Суклал го изјави ова на новинарите во Јоханесбург, еден ден откако Јужна Африка (ЈАР) објави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот на БРИКС од 22 до 24 август.

Проширувањето на таа организација, која ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, е главна тема на средбата на врвот на групата која се спротивставува на хегемонијата на САД и Западот во меѓународните односи.

Покрај 22-те земји кои официјално аплицираа за членство, Суклал рече дека „многу повеќе земји неофицијално изразија интерес да станат членки“.

„Тоа се главните земји на глобалниот југ“, додаде тој.

Аргентина, Иран, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Куба, Демократска Република Конго, Коморските Острови, Габон и Казахстан сакаат да се приклучат на организацијата за која ЈАР сака да стане лидер на земјите во развој.

ЈАР, кој моментално претседава со БРИКС, во средата објави дека Путин нема да присуствува на самитот во август „според заеднички договор“.

Како член на Меѓународниот кривичен суд (МКС), ЈАР теоретски ќе мора да го уапси Путин за наводни воени злосторства, доколку тој влезе на нејзина територија.

ЈАР тврди дека е неутрален во конфликтот во Украина, но беше критикуван од западните сили за пријателскиот однос со Русија, историски силен сојузник на владејачкиот Африкански национален конгрес.

Слични содржини