ЕУ повторно се ангажира околу Турција, но без да ја одмрзне својата кандидатура за членство

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Министрите за надворешни работи на Европската унија постигнаа договор за повторно ангажирање околу Турција, но поставија и одредени услови и не го поддржаа барањето на Анкара за одмрзнување на нејзината кандидатура за членство во блокот.

„Разговаравме како да ја обновиме соработката со Турција. Убедени сме дека постои реципрочен интерес за развој на посилни односи меѓу Турција и Европската унија“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.

Тој додаде дека ЕУ сака и Анкара да покаже иницијатива, особено во однос на Кипар, земја членка на ЕУ, чиј северен дел е окупиран од Турција, пренесе Ројтерс.

Слични содржини