Северина му асистираше на најпознатиот турски готвач, пејачката посоли месо (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
439 прегледи

Северина направи пауза од настапите и замина на одмор. Популарната пејачка овој пат реши да ужива на Миконос во Грција.

Таа на својот Инстаграм профил ги сподели најинтересните моменти од своето патување, а се пофали дека го посетила и ресторанот на познатиот турски готвач Нусрет Гокче.

„Дојде тивко на прсти…“, напиша таа заедно со фотографиите на кои позираат насмеани.

Исто така, Северина објави видео на кое посоли парче месо, а потоа Нусрет го направи тоа на начинот кој го прослави.

Нејзините објави на оваа мрежа предизвикаа бројни реакции, па едни ѝ посакаа убав помин на пејачката, а други негативно коментираа за познатиот готвач.

Слични содржини