Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на тема Основен буџет на Република Северна Македонија за 2022 година. Со опфатот и доказите кои се обезбедени по пат на спроведување ревизорски техники и методологија, од ДЗР велат дека Врз основа на извршената ревизија утврдивме дека освен за комплетноста на дел од буџетските барања, за постапката на усогласување на буџетските барања помеѓу буџетските корисници и МФ, висината на одобрените средства за дел од буџетските корисници кои се законски утврдени, постапката на подготовка и донесување на Буџетот е спроведена во согласност со законската регулатива. Освен за дел од
приходите и другите приливи и расходите и другите одливи, постапката на планирање и остварување на приходите и другите приливи и постапката на планирање и извршување на расходите и другите одливи, се во согласност со законската регулатива.
Воспоставените контроли во трезорската сметка овозможуваат спречување или откривање на грешки на ИТ системите и евиденцијата на трезорската сметка. Извршена е ревизија на усогласеност и издаден е Конечен извештај за ревизија на усогласеност на Основниот буџет на Република Северна Македонија за 2021 година, при што изразен е заклучок со резерва во однос на подготовката и донесувањето на Буџетот, како и за управувањето и извршувањето на Основен Буџет во делот на остварените приходи и други приливи и извршените расходи и други одливи во однос на планираната рамка, додека за воспоставените контролни постапки на ИТ системите и евиденцијата во Трезорската сметка, изразен е заклучок без резерва.
При подготовка и донесување на Буџетот за 2022 година, пропишаните рокови за клучните активности и за донесување на основните плански документи се запазени, со незначителен период на доцнење при донесување на Одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата во 2022 година.
Утврдиле потреба од зајакнување на активностите за комплетирање на буџетските барања од буџетските корисници со стратешки планови, заради усогласување со стратешките цели на Владата и унапредување на квалитетот на целокупниот процес на планирање на буџетот на државата.
Во однос на постапката на усогласување на буџетските барања доставени од буџетските корисници до МФ, утврдивме дека не е доставен Извештај за неусогласени буџетски барања до Владата, што влијае на информираноста на Владата за причините за разликите помеѓу бараните и одобрените средства.
Средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2022 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент, односно одобрените средства во износ од 2.336.087 илјади денари претставуваат 0,3% од БДП и истите се за 63% помали од законски утврдениот лимит.
Одобрените средства за Јавното обвинителство во износ од околу 642.832 илјади денари претставуваат 0,21% од средствата на Буџетот за 2022 година, иако согласно Законот за јавното обвинителство висината на средствата за работа треба да изнесуваат најмалку 0,4% од буџетот на државата, доколку со тоа не се нарушува праведната распределба на буџетските средства.
Вкупниот износ на средства издвоени за регионален развој во рамки на владини и развојни програми кои содржат регионална компонента, а се реализираат преку повеќе институции, достигнуваат над 1,5% од БДП за 2021 година, но кај истите не секогаш и во целост може да се утврди рамномерноста при распределбата на средства по плански региони.