Лукашенко: Односите меѓу Белорусија и Белгија минуваат низ тежок период поради политиката на ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Односите меѓу Белорусија и Белгија во моментов минуваат низ тежок период поради кратковидната политика на Европската унија, изјави денеска претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Честитајќи ѝ на Белгија по повод државниот празник, тој рече дека во изминатите неколку децении двете земји активно ја прошириле билатералната соработка, најмногу во економската и хуманитарната сфера, што несомнено придонело за благосостојбата и напредокот на Белорусија и Белгија, пренесе ТАСС.

„За жал, нашата врска моментално минува низ тежок период поради кратковидните ставови на Европската унија кон Белорусија“, се пожали белорускиот лидер во пораката што ја објави неговата прес-служба.

Слични содржини