Зеленски го разреши од должност амбасадорот во Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го разреши амбасадорот на таа земја во Велика Британија.

Во одлуката на Зеленски не е наведена причината за отпуштањето, но се додава дека Вадим Пристајко е разрешен и од функцијата претставник на Украина во Меѓународната поморска организација, пренесува „Ројтерс“.

Британски „Индепендент“ пишува дека Пристајко ги запрепастил властите во Киев откако јавно го критикуваше Зеленски.

Слични содржини