Пациентите со дијабетес ќе добијат сензори за мерење шеќер

од Nikola Popovski
265 прегледи

Додека сум јас министер доцнење на набавки за лекови повеќе нема да има, ваква порака денеска испрати првиот човек во здравството, Фатмир Меџити на средбата со претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Истакна дека како министерство имаат целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат лицата со дијабетес во земјава и вели дека максимално се заложуваат актуелните предизвици да бидат надминати.

Денеска ја потпишав одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на сензори за континуирано мерење шеќер во крвта за сите деца со дијабетес, како и бремени жени и слепите лица, кои првпат ќе добијат вакви сензори, информира Меџити.

Тој на претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари им објасни дека откако ќе стигне решението од Второстепена комисија при Државна комисија по жалби за јавни набавки – одлуката станува конечна, по што веднаш ќе биде склучен договорот за набавка на ленти и глукометри за тип 1 и тип 2 и во најбрз можен рок ќе се почне со распределба во инсулинските аптеки.

Министерството за здравство побара разбирање од пациентите за оваа состојба која вети дека во брзо време ќе биде надмината, а министерот Меџити истакна дека по преземање на функцијата максимални ќе се заложи ваквите застои во набавките повеќе никогаш да не бидат случај.

Слични содржини