Турција ќе продолжи со ратификацијата на шведската кандидатура за членство во НАТО во согласност со чекорите што ги презема Стокхолм во борбата против тероризмот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
„Шведска ќе има корист доколку преземе конкретни чекори во борбата против терористичките организации и екстрадицијата на терористите“, изјави Ердоган на новинарите на летот со кој се враќаше од посетата на земјите од Персискиот залив и северен Кипар.
Тој додал дека процесот на ратификација на членството на Шведска во НАТО „ќе биде одлучен од работната агенда на турскиот парламент“, соопшти неговиот кабинет, а пренесува „Ројтерс“.