Зеленски: Русите денеска убија две деца, ќе одговориме

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Украина ќе одговори на руските напади, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по артилерискиот напад врз селото Дружба, во областа Доњецк, во кој загинаа две деца.

„Во нападот загинаа две деца; девојче родено 2007 година и момче родено 2013. Две жени загинаа во ракетен напад врз регионот Чернихив“, рече Зеленски.

Потоа додаде: „Русите денеска го нападнаа и пристанишниот град Одеса, го напаѓаа речиси секој ден оваа недела. Само во регионот на Одеса од почетокот на неделата загинаа повеќе од 20 лица, меѓу кои и две деца. Само апсолутно зло може да зададе такви удари. Ќе одговориме“, рече тој.

Слични содржини