Полска го повика на разговор рускиот амбасадор во Варшава поради изјавите на Путин

од Vladimir Zorba
300 прегледи

Полска го покани рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андрејев, на разговор во полското МНР поради изјавите на рускиот претседател Владимир Путин, кој меѓу другото рече дека полските сили се обидуваат да окупираат дел од територијата на Украина.

Средбата беше кратка, изјави Павел Јаблонски од полското Министерство за надворешни работи, а пренесува „Полиш њуз“.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави во петокот вечерта, реагирајќи на изјавата на Путин дека западните територии на денешна Полска се подарок на Сталин за Полјаците, дека Сталин е воен злосторник одговорен за смртта на стотици илјади Полјаци, објави Гардијан.

Слични содржини