Дури и за овие Балкански простори преполни со специфики во однос на моделот на мислење и универзалната матрица на мистична опседнатост со историсите нарации изненадува сеуште големиот број на луѓе кои не можат да се соочат со основните факти и реални вистини. Вообичаената ирационалност на политичкото мислење и визурата преку која се интерпретираат битните настани а потоа соодветно и се обликува практичното однесување и постапување на пример при политички избори односно на денот на гласањето, наместо да се намалува со текот на времето всушност добива нови и нови димензии, заканувајќи се холистички да ги деструира националните, стриктно рационални и реално објективни процеси кои мора да се темелат и на регионални и во помала мерка на светските движења на историскиот дух. Таа обземеност со мета нарации кои и да имаат некаква основа во различни историски епохи на овие простори дополнително се злоупотребуваат во онаа најбезобзирна прагматична партиска пропаганда со единствена цел за изборни победи.
Кај нас, уште повеќе, постои речиси целосна медиумска доминација на партиска нарација која дури и кај политички упатените луе создава конфузија при обидот да се разликуваат сировите факти и историските одговорности кои резултираат со она што се нареква „сега и овде“ односно причините зошто една политичка ситуација е таква каква што е, денес и тука. Таа пропаганда на фалсификување и исто таквото намерно маргинализирање посебно на кратки но најважни временски периоди со цел народот да ги заборави одговорностите или националните политички предавства е диференциа специфика за мицковистичкото дпмне, како уште еден показател за нивната современа опортунистичка ориентација и фасцинираност со исклучивата цел како да седнат на државни фотељи, сосе сите бенефиции кои следуваат со тоа. Таа призма на мислење и политичко делување веќе 6-7 години ја исцрпува позитивната колективна енергија на Македонскиот човек, ги распнува помеѓу митологијата и квази ветувањата кои умерено и повремено се изразуваат најчесто преку нивниот платенички џган специјализиран за валкани политички лаги и трикови, но и систематски креира неизвесни ситуации посебно ако успеат пак да го прелажат народот и тој, скраја да е, после се гласа пак за нив.
Синдромот на кратко паметење е стимулиран токму од оние кои свесно или помалку свесно, сакаат да ја избегнат својата лична или партиска одговорност, да ги затворат хоризонтите на можностите за вистинска интерпретација посебно во смисла на не-делувањето, погрешното делување, или можното делување со кое денес би имале поинаква и подобра реалност. Притоа е јасно дека ако и кога народот, барем оние луѓе кај кои останало барем минимум способност за рационално размислување и анализа, ја дознаат вистината или дури и само скица за можноста за поинаква реалност која не се случила токму заради опортунизмот за најбрзиот начин како да се добијат државни функции,меѓутоа, можеби и подлабоки мотиви (не се случајни коалициите на мицињата со радикалната Беса на Билал Касами, претходно со Алијанса на Зијадин Села, или нивното медиумско форсирање на таканаречените „огнени“ од ДУИ), повеќе нема да гласаат за ова и вакво т.н. раководство на вмро дпмне, кое за 6-7 години немаше буквално ниту едно манифестирање на идеологијата и вредносните парадигми на ВМРО. Политичката имагинација втемелена на реалните можности кои некаде пред 6-7 години беа како на дланка кај мицињата мора да се презентираат на народот, на луѓето, среде нивните секојдневни истрошени, комични а истовремено и политички опасни одлуки и делување.
Значи, станува збор за веројатно најкрупната и најважна демистификација на политичката беда на мицињата некаде почнувајќи од пред 7 години односно нивната историска одговорност за денешната ситуација во која тие го поставија Македонскиот народ а индиректно и сите граѓани во државата. Прецизната реконструкција на настаните во тие времиња кои се оддолжија до денес во смисла на перманентната нивна обземеност само и само со единствената цел – власта, дури и когнитивно природно ја покажува нивната политичка вина која не смее никогаш да се избрише од колективната меморија на народот, иако тие тоа многу би го сакале и дејствуваат во то правец. Конкретно и најважно, ова е мојот одговор зошто уште многу одамна мислам и тврдам дека мицињата се најголемо политичо зло во историјата на Македонскиот народ и зошто од денес натаму мора да бидат гласачки отфрлени во буништето на македонската национална историја!
Имено, кога ја изгубија власта (иако победија со два пратеника повеќе) кон крајот на 2016 година, без оглед на силната логистичка поддршка на доминантните центри на моќ на Балканот на сите оние кои беа против нив од најразлични причини, во најдобрата историска традиција на ВМРО и трансвременската идеологија тие можеше, мораше да изберат една од двете можности кои денес ќе резултираа со посилна и подобра Македонија. Едниот избор беше целосно напуштање на сите институции на системот односно севкупниот политички дискурс и процес, со што ќе се оневозможеа сите негативни подоцнежни Уставни и други процеси бидејќи целосно и наеднаш ќе се одземеше легитимитетот и важењето на истите, кои веројатно и немаше да бидат денешна реалност; или вториот избор односно целосно отворено да работеа на единство со СДСМ во однос на сите побитни проблеми и состојби кои автоматски со тоа ќе беа подобри според финалните државните одлуки, барем во повеќето аспекти. Кратко и јасно, да беа вистинско ВМРО, мораше да изберат еден од овие два можни фундаментални избори, тогаш. За жал, не избраа ниту едно, ниту друго, по што нивната доминантна перспектива беше гол опортунизам за власт и фотељи, и ништо повеќе.
Потонати во тој опортунизам, во таа цел, го направија и според мене најголемиот политички грев кон Македонскиот народ кои ги затвори сите објективни хоризонти за поинаков модел на развој на државата – на пописот со конфузијата го сведоа (намалија) Македонскиот народ на само 53 проценти од вкупниот број државјани. Можно беше и едното и другото, иако немаше да биде лесно – доколку избраа одземање на леитимитетот на севкупната политика ќе се соочеа со најразновидни притисоци, но зарем им било полесно на комитите и војводите во 1893, или во 1903, или во 1913 година? Впрочем, нели и онака сакаат да се облекуваат во комитска и војвотска руба и мавтаат со ками и кубури, глумејќи нивна реинкарнација за да излажат луѓе и да им поверуваат дека се стварни патриоти; а патриоти ќе беа доколк го избраа тоа, или алтернативно, исто така ќе беа патриоти ако создадоа консензус и единство со СДСМ.
Каква ќе беше Македонија денес, ако мицињата наместо валкани политички игри за власт избереа едно или друго, оставам на вашата имагинација – но сигурен сум дека денес ќе имавме посилна, подобра држава, наместо реал-политичка состојба која е мошне редуцирана во контекст на можни државни одлуки денес и во иднина. Мицињата всушност со своето не-вмро делување ги уништија сите идеали за држава по модели и стандарди на високо функционални современи држави, и го турнаа Македонскиот народ во круговите на дантеовиот пекол, барем во таа национална смисла на развиток. После промената на Уставот во кој охридскиот рамковен доовор е на исто ниво по значење и статус со АСНОМ, после Уставните одредби во кои Македонската историја е осакатена со античкиот период и Александар Македонски, после двојазичноста, после пописот со кои сега сме само 53 проценти (многу луѓе уште не разбираат какви последици има тоа и допра ќе има за конституентите и формалните одредници на државата), после….. и после се, еве ја ваквата Македонија, најмногу заради мицињата! И во тоа е нивната непростлива историска политичка вина.
Да, и затоа денес, после се, комични и гротескни се сите оние мициња или/и нивни платеници (оваа година имаат дури 1,4 милион евра наши, народни, буџетски пари во нивната партиска каса за трошење) кои јаваат коњи во лошо скроени војводски одори, врескаат дека ќе го враќале името, знамето, ќе го поништеле охридскиот рамковен договор и слични будалаштини. Тоа можеби беше можно до пред некоја години, а денес, после национално-историските политички предавства на мицковистичко дпмне односно секое мице (не може да избега од одговорност ниту едно мице!) тоа е вербален авантуризам, лага или евентуално, иако не верувам дека ќе се создадат такви реални услови, моментна нестабилност на сите структури на државата па дури и можност за репризи на 2001 година, скраја да е. Уште повеќе, ова 6-7 годишно анти-вмро делување се рефлектира и денес со одбивањето да гласаат за Уставна дистинкција меѓу Македонскиот народ и Бугарскиот народ односно малцинство или дел од народ. Причините се исти како и во сите овие години – да изглумат патриоти и пак да излажат неинформирани луѓе да гласаат за нив. Сите знаеме дека има одредени делови од т.н. француски-ЕУ предлог или договорот со Бугарија кои можат понатаму да предизвикаат некои проблеми, но светот, Балканот, Македонија, не е сон, не е наша желба, фантазија, туку дарвиновска џунгла во која победуваат посилните, а ние сме слаби – токму заради мицињата! Што вели една народна поговорка, ем шуто ем боде, тоа би бил соодветен сатиричен опис на мицињата денес. Кај се виновни па уште силни се прават, а само оние кои се забегани и платени од нив, неинформирани и сл. им веруваат, и покрај нивната антидемократска медиумска доминација. Македонија денес нема избор во делувањето и перспективите токму заради нив, заради тоа што не избраа еден од двата начина на делување опишани накратко погоре. И тоа е единствената, апсолутна, транцендентна вистина, и затоа мицињата се најголемото политичко зло во историјата на Македонскиот народ и држава!
Во таа светлина на непобитни факти, воопшто не изненадува дека некои таму како мршојадци врз коските на македонските идеали кои тие ги анихилираа, намирисаа како да дојдат до власт и фотељи. Впрочем, тоа го прават секој ден веќе долги години (за жал платени од нас преку буџетот), тоа им е доминантен модус на мислење и речиси инстинктивно делување, па овојпат со одбивање на дистинкцијата меѓу Македонскиот и Бугарскиот народ или Уставните измени пак и пак опседнати со целта да дојдат на власт, помислиле одново да глумат патриоти, главно преку некои троа забегани а троа мошне комични ликови. Заради (денес веќе) лажните но тешко заборавливи соништа на многу луѓе политички прелажани од нив, сепак имаат многу пратеници, пари, апологетски медиуми и сл., и тоа им овозможува, за жал, сеуште да бидат некаков барем во политичка-собраниска смисла фактор на одлучување, посебно во околности кога понекогаш власта се однесува како да е НВО од Струшко Ташмаруништа а не демократска избрана и легитимна власт со одговорност за функционирање на системот и државата. И кога денес Македонија е во оваа ситуација, нема друг избор освен динамичен развоја на економијата со ЕУ фондови, инвестициски циклуси, подобрување на ефикасноста на административниот апарат итн., за што очигледна политичка пречка се мицињата. На секој што има завршено 8 одделение му е јасно дека алтернативата на ЕУ денес е реален хорор, од загрижувачко објективни ризици за меунационални поделби, преку нови услови ако Албанија биде во ЕУ пред Македонија, до уште поголемо осиромашување на народот (мицињата имаат пари, да потсетам пак бидејќи многу луѓе се неинформирани – оваа година имаат дури 1,4 милиони евра буџетски пари). Тоа не чека ако ние, народот и државата, дозволиме и овојпат заради нивната алчност за власт да успеат да не доведат како народ и држава во уште потешка позиција од преходно! Ниту ќе има нов договор со Бугарија (тоа го кажаа стопати од ЕУ, САД И Бугарија), ниту ќе го вратат името, ниту ќе го сменат Уставот со цел поништување на Преспанскиот договор, ниту ќе го вратат знамето, се се тоа само лажги за мали деца! Тие може само, скраја да е, ако дојдат на власт, да ја доведат државата и народот во уште потешка позиција со реални можности за конфликти, и ништо друго, освен стотиците илјади евра за нив од државните фотељи, се разбира. Македонскиот народ не смее повеќе да биде наивен и да се залажува себеси со нивниот квази патриотизам, затоа што кристално јасно е, според сите аргументи и факти, дека само полошо ќе биде ако мицињата бидат власт. Арно рекле нашите стари, од добро има и подобро, ама, и од лошо има -полошо!
Оттаму, денешниот вистински патриотизам на секој Македонец мора да биде целосно политичко маргинализирање на мицињата, додека задача на државата е да го примени веројатно единственото можно политичко решение за мицињата, а тоа е Окамовиот брич. Накратко кажано, тоа е принцип во логиката, научната методологија и воопшто мислењето кој наложува економичност во солуциите на проблемот, односно правило на мислење кое бара да не се размножуваат проблемите (удвојуваат суштините, иако кај мицињата, знаете веќе, нема суштина), да се примени наједноставното, најефективно решение бидејќи умножувањето на проблемот не го решава проблемот, туку само го усложнува, и временски и просторно. Умниот Вилијам Окам уште во 14 век како да го предвидел решението за мицињата денес, во 21 век во Македонија! Траспонирано во практична смисла, неговиот модел на брич денес и овде би значел всушност дисперзија на Умот со надминување на клучните проблеми и пречки за подобро утре, за подобра Македонија! Да се зафати коренот на проблемот, според Окамовиот брич, би значело да се почитува и реализира судската одлука и можностите кои произлегуваат оттаму за конфискација на севкупниот имот на мицињата, следствено и буџетските пари, и да се овозможи легалистичката и политички апсолутно легитимната идеја на еден поранешен кандидат за специјален јавен обвинител, кој би бил најдобар избор за нов државен јавен обвинител.
Или тоа, или извесна потешка позиција и состојба на државата и Македонскиот народ во иднина, од економска до меѓунационална. Изборот е кај секој од нас. За помалку од еден месец ќе знаеме каков избор направила државата, а потоа и секој од нас, на избори. Оваа исклучива прескрипција може да биде невалидна единствено ако госпоѓа Урсула фон дер Лајен, како минатиот пат, не го викне „лидерот“ на мицињата во зградата на ЕУ во Скопје, по што ќе ги гласаат Уставните измени. Да се потсетиме и да се насмееме, се разбира со доза на Слотердајковски цинизам и неколкуминутно спонтано смеење, како заврши таа фарса на патриотизам на мицињата. Се сеќавате, со недели маршираа по скопските улици против францускиот-ЕУ предлог, го палеа на Собраниската говорница, вриштеа и пееја комитиски песни на гајби пред Собрание, најавуваа целосни блокади на автопатишта… и тогаш, едно утро, го видоа нивниот лидер како замислено излегува од зградата на ЕУ (има фотографиии од тој бесценет миг) по средбата со фамозната госпоѓа Урусула, и потоа – мицињата ги снема!! Магично исчезнаа од пред Собрание, немаше блокади, огнени говори, пејачи, го снема и координативното тело на чело со еден бивш амбасадор кој сега води радио емисии (барем така ми кажаа), ги снема комитите и војводите, го снема багерот со кои некои вработени и во мицковистичко дпмне со огромни месечни плати се закануваа дека ќе ја срушат зградата на Владата, ги снема…. и може пак ќе ги снема, ако Урсула дојде и пак нивниот лидер ја види, и со тоа онака баш Окамовски по вторпат ги избричи мицињата!
Д-р Тони Науновски
Ставовите искажани во рубриката „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „Локално“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот