Пејачката Лана Дел Реј (38) ги остави фановите збунети откако во четвртокот беше забележана како работи во Waffle House во Фиренца, Алабама.
На фотографиите и видеата кои кружат на социјалните мрежи, пејачката е снимена на шалтер како прави кафе во униформа додека носи ознака со името „Лана“.
За време на престојот во ресторанот, Дел Реј се фотографираше со обожавателите.
– Беше малку надреално. Само и кажав колку ја сакам нејзината музика и нејзината работа воопшто. Беше супер слатка и неверојатно мила – ја опиша нејзината средба обожавателка Карина Циснерос Хуарез.
Lana Del Rey for her Waffle House shift in Alabama. pic.twitter.com/D6NGSkAhIa
— Pop Crave (@PopCrave) July 20, 2023
Причината зошто Дел Реј беше во Waffle House останува нејасна, а обожавателите шпекулираат за различни можности.
На форумите на обожавателите, некои шпекулираа дека таа можеби снима спот, додека други сугерираа дека тоа би можело да биде трик за публицитет за претстојните песни.
Некои се пошегуваа дека можеби истражува нов пат во кариерата.