Тренчевска: После 15 години потпишуваме нов општ колективен договор, вработените во јавниот сектор добиваат поголеми права

од Vladimir Zorba
333 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вечерва беше гостинка во Тема на денот на дневникот на Сител Телевизија. Главен фокус на разговорот на нејзиното гостување беше општиот колективен договор и придобивките кои вработените во јавниот сектор ги имаат.

„После 15 години потпишуваме нов општ колективен договор кој им овозможува на вработените во јавниот сектор поголеми права” рече Тренчевска.

Таа посочи дека целта на колективниот договор е да ги задржат во институциите добрите работници, а притоа да им се зголеми платата. Таа истакна дека со ова ќе се придонесе кон подобра и побрза испорака на услугите со што ќе може да се зборува и за задоволни граѓани од работата на јавната администрација.

Во однос на недоразбирањата со нерепрезентативните синдикати министерката го изјави следното: „Целиот дијалог за да го потпишеме договорот беше во рамки на ЕСС таму учествуваа репрезентативниот синдикат и репрезентативната организација на работодавачи, но покажавме волја ние како Влада заедно со синдикатите да ги вклучиме и нерепрезентативните синдикати како што се СОНК и КСС“.

Таа објасни дека после две години соработка тие ја напуштија работната група и дека поради лични интереси беа истакнати одредени недоразбирања.

Министерката исто така информираше дека јавната администрација оваа година ќе добие регрес за годишен одмор од 10.000 денари и дека истиот во 2024 година ќе продолжи да расте. Таа исто така посочи дека со овој колективен договор ќе бидат вратени и јубилејните награди.

Слични содржини