САД: Горила, за која се верувало дека е мажјак, ги изненадила сите во ЗОО кога родила младенче

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Вработените во зоолошката градина во Охајо во Америка биле изненадени кога откриле дека горила за која четири години мислеле дека е мажјак родила младенче.

Од ЗОО велат дека Сали, која е со нив од 2019 година, била пронајдена со бебе во рацете минатата недела.

Тие на социјалните мрежи објавија дека новороденчето „изгледа здраво“, а Сали веќе е одлична мајка.

Токму поради тоа што досега беше во добра здравствена состојба, Сали ретко одеше на прегледи на ветеринар, што доведе до недоразбирања за полот.

„Породувањето беше неочекувано, но и возбудливо за тимот што се грижи за нив и важно за зачувување на овој критично загрозен вид“, велат чуварите на парковите.

Ништо не се посомневале додека не го виделе „мажјакот“ како го држи бебето.

„Тешко е да се одреди полот на младите горили. На осум години, Сали е доволно зрела да се размножува, но се уште е премногу млада за да покаже јасни сексуални карактеристики. До околу осумгодишна возраст, машките и женските горили се слични по големина и немаат изразени полови органи“, додаваат оттаму.

Горилите обично дури и не покажуваат бременост, бидејќи имаат голем долен дел на стомакот, а младенчињата се многу помали од човечките бебиња.

„Воодушевени сме од новиот додаток на овој критично загрозен вид. Ова е 34-та горила родена овде од 1956 година, кога зоолошката градина Колумбус стана првата во светот која родила горила, и важен дел од нашата работа е да ги зачуваме овие прекрасни животни“, велат од ЗОО.

Тие најавија дека со ДНК тест ќе се утврди кој е татко на новороденчето. Сали живее во глутница чиј водач е Мек, мажјак, а има и двајца помлади, десетгодишната Камоли и шестгодишниот Џеј Џеј.

И покрај недоразбирањето со Сали, тие се уверени дека го знаат полот на младенчето.

„Женка е! Нашиот тим го потврди тоа визуелно и со фотографии кои беа испратени до експерт за примати во друг водечки објект каде што се негуваат животните“, соопштија од зоолошката градина.

Слични содржини