Руското МО: Украина го нападна Крим со 17 дронови

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Во текот на ноќта Украина, користејќи 17 дронови, се обидела да нападне објекти на Крим, што е спречено, соопшти денеска руското министерство за одбрана.

„Во текот на ноќта на 24 јули беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад врз објекти на Крим користејќи 17 дронови. Во спречениот терористички напад нема жртви“, се вели во соопштението на министерството за одбрана, пренесува ТАСС.

Министерството за одбрана на Русија прецизираше дека 14 украински беспилотни летала биле потиснати со електронски средства и дека 11 од нив паднале во водите на Црното Море, а три паднале на територијата на полуостровот.

Слични содржини