„Без таа сцена не знам зошто го снимам овој филм“: Од режисерката на „Барби“ било побарано да ја исфрли оваа сцена

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Грета Гервиг одбила да исече емотивна сцена од филмот „Барби“, и покрај тоа што шефовите на студиото Warner Bros Pictures го побарале тоа од неа. Режисерката номинирана за Оскар откри дека ѝ било предложено да ја отстрани сцената каде Барби среќава старица на клупа и ѝ вели дека е убава.

„Многу ја сакам таа сцена. А постарата жена на клупата е костимографката Ен Рот. Таа е легенда. Реално, кога ни предложија да ја исечеме таа сцена, можевме да го направиме тоа бидејќи приказната ќе продолжеше на ист начин. Но, им кажав дека ако ја исечам сцената, не знам за што е овој филм“, изјави Гервиг за Rolling Stone.

Во друго интервју, таа наведе дека сцената била клучна за да се разбере како живата кукла го перцепира човечкиот свет.

„Тоа беше нешто што чувствував дека треба да го слушнам и што сакав да им го дадам на другите. Ако ја исечам таа сцена, не знам зошто го снимам овој филм. Ако ја немаше таа сцена, воопшто не знам што правам“, заклучила таа.

„Барби“ заработи 22,3 милиони долари на првиот ден на кино благајните. Популарната кукла, која беше исфрлена од Барбиленд поради нејзиниот помалку совршен изглед, ја игра Маргот Роби, додека Кен го игра Рајан Гослинг.

Слични содржини