177
Девет лица, меѓу кои четворица воени лица, загинаа кога цивилен авион се урна поради технички дефект при полетување од аеродром во источен Судан, јави денеска АП.
Војската на земјата соопшти дека едно дете ја преживеало несреќата, која се случила на аеродром во Порт Судан, град на Црвеното Море кој досега беше поштеден од разорната војна меѓу војската и паравоените „сили за брза поддршка“.
Суданскиот министер за финансии Габриел Ибрахим изјави дека меѓу загинатите е и неговиот секретар Ал Тахер Абдел Раман.