Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека парламентот на земјата во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за членство во НАТО.
„Кога парламентот ќе продолжи со работа (во октомври по летната пауза), ќе направиме се што е потребно, а пратениците ќе го разгледаат барањето на Шведска. Конечната одлука е на пратениците“, рече Ердоган во говорот по седницата на владата, пренесе Риа Новости.
Тој посочи дека Анкара е подготвена да ги реши сите проблеми со дијалог.