Палењето на возилото на Груби личи на криминална пресметка, смета Мицкоски

од Nikola Popovski
204 прегледи

Криминален чин кој што најверојатно претставува криминална пресметка. Палење на било чие возило е криминален чин, како што е оштетено возилото на Марија Митева – портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, како што е оштетено возилото на Дејан Проданоски – претседателот на ОК на партијата од Прилеп. Не гледам зошто толкава возбуда кај лицето чие возило беше запалено, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за запаленото возило на вицепремиерот Артан Груби.

Според него, начинот на кој е направено тоа наликува на криминална пресметка.

Прво сопственик е лице кое има 35 години, а лицето на кое му е запалено возилото вели бил успешен бизнисмен 30 години, потоа тој некако тајно успеал да инсталира флешери со кои се добива предимство во сообраќајот, а лицето Артан Груби не бил информиран понатаму како МВР го дозволило тоа, рече Мицкоски.

Тоа, додаде Мицкоски, се сплет на настани поврзани со криминален чин.

Груби вчера негираше дека запаленото Ауди е негово. Тој тврди дека возилото е на негов близок пријател, кој во исто време бил и успешен бизнисмен.

Очекува поддршка и од тие кои не му се политички блиски бидејки, како што вели, се работело за грозоморен чин кој има за цел загрозување на безбедноста сега на неговото семејство утре можеби и на нив.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски дури слушам вели дека инцидентот има за позадина криминална пресметка и редно е со институциите да ги сподели информациите со кои заклучил дека е криминална пресметка,рече Груби  во интервју на тв Канал 5.

Слични содржини