Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, известуваат од УХМР. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/час).
Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. УВ индексот ќе биде 9.
Утринските температури се движат од 17 до 23, додека максималните дневни ќе бидат соодветно во интервалот меѓу 27 и 42 Целзиусови степени.