Украинскиот претседател Володимир Зеленск изјави дека нема да толерира корупција или предавство во државните работи додека Украина се бори да најде средства да се одбрани од, како што вели, руските напаѓачи.
Зеленски во своето ноќно видео обраќање апелираше против корупцијата во време кога на виделина излегоа два значајни случаја – апсењето на армискиот офицер за регрутирање обвинет за масовна проневера и пратеник обвинет за соработка со Русија.
Обраќајќи им се на пратениците, тој рече дека повеќе нема да ги толерира оние кои „за некаква лична корист“ одбиваат да ги поддржат законите кои ѝ се потребни на Украина за да ја започне својата долга кампања за обезбедување членство во ЕУ, пренесува „Ројтерс“.