Шведска: Русија користи дезинформации за палењето на Куранот за да ни наштети

од Nikola Popovski
236 прегледи

Шведска е цел на кампања за дезинформација на „актери поддржани од Русија“ чија цел е да му наштети на кандидатот за НАТО со тоа што имплицира дека земјата го поддржува палењето на Куранот, тврди владата во Стокхолм.

„Шведска е цел на кампања за дезинформации поддржана од државни актери со цел да им наштети на шведските интереси и шведските граѓани“, напиша премиерот Улф Кристерсон на Инстаграм.

Кандидатурата на Шведска за членство во НАТО по руската инвазија на Украина е една од централните теми на светската јавност.

Случаите на палење Куран во Шведска ги налутија муслиманите ширум светот, додека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чија земја долго време го блокираше приемот на Шведска во НАТО, дури и се сомневаше дали Шведска може да биде кандидат за влез во Алијансата.

Како што пренесува „Гардијан“, шведскиот премиер додал дека неодамнешното палење на Куранот се случило за време на „тешка безбедносна ситуација“.

„Тие настани беа пријавени неточно, понекогаш со директна цел да и наштетат на нашата земја“, рекол тој.

„Влошена безбедносна ситуација“

Во посебна изјава, шведскиот министер за цивилна одбрана Карл-Оскар Белин рече дека актери поддржани од Русија ги засилуваат лажните изјави како што се дека шведската држава стои зад сквернавењето на светите книги.

„Тоа, се разбира, е целосно лажно“, нагласи шведскиот министер, додавајќи дека кампањата има за цел да создаде поделби и да ја ослабне меѓународната позиција на Шведска.

Шведската безбедносна служба претходно соопшти дека безбедносната ситуација во Шведска се влошила по неодамнешното палење на Куранот и протестите во муслиманскиот свет и дека овие настани негативно влијаеле на имиџот на нордиската нација.

Имиџот на Шведска се промени „од толерантна земја во земја непријателска кон исламот и муслиманите, каде што државата санкционира напади врз муслимани и каде социјалните служби можат да киднапираат муслимански деца“, се вели во соопштението на службата.

Слични содржини