253
Времето денеска во утринските часови е променливо облачно, додека во западните и во северните делови со локален дожд, известуваат од УХМР.
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 км/час). УВ индексот ќе биде 8.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени, а максималната од 20 до 30 степени.