Втори август неработен ден за сите граѓани

од Nikola Popovski
250 прегледи

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 02 Aвгуст (среда) 2023 година, Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.

Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден – Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста.

Слични содржини