Интересна листа: Еве кои актери ја сакале улогата на Кен

од Stefanija Kuzmanovska
381 прегледи

Актерот Рајан Гослинг можеби е вашиот идеален Кен во новиот филм „Барби“, но една од режисерките на филмот, Алисон Џонс, сподели кој друг можел да ја добие улогата.

Група актери со различно потекло, типови на тело и родови идентитети беа избрани за улогата на Кен. Сите мораа да бидат забавни и духовити.

„Ни требаа актери кои би можеле да го разберат фактот дека нашите барбики знаат само пријатни работи“, изјави Џонс во интервју за Vanity Fair.

За да ја продадат идејата дека секој ден во Барбиленд е совршен – т.е. додека не е – барбиките треба да бидат чиста емоција, без трошка горчина или цинизам.

„Симу Лиу умираше од желба да биде Кен, Бог да го благослови“, рече таа.

Улогата на Кен ја сакале и Бовен Јанг, Ден Леви и Бен Плат, но бидејќи потрагата по актери се одвиваше за време на Ковид и беше неопходно да поминат три месеци во Лондон, тие се откажале од трката.

Слични содржини