281
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека ерата на глобалното затоплување завршила и дека „ерата на глобално вриење“ започнала.
„Климатските промени се насекаде. Тоа е страшно. И ова е само почеток“, предупреди Гутереш, пренесува Ројтерс.
Тој рече дека човештвото иницирало уништување, но дека тоа не смее да предизвика очај, туку да води кон акција.