Политико: САД очекуваат тенковите Абрамс да ѝ бидат доставени на Украина во септември

од Stefanija Kuzmanovska
212 прегледи

Американските тенкови „Абрамс“ најверојатно ќе пристигнат на украинското бојно поле во септември, пишува „Политико“, повикувајќи се на свои извори во американското министерство за одбрана и Конгресот.

Според информациите, планирано е неколку тенкови „Абрамс“ да бидат испратени во Германија во август, каде што ќе го поминат последниот ремонт, а кога ќе заврши тој процес, првата серија „Абрамс“ ќе биде испорачана во Украина во септември.

САД испраќаат постари модели M1A1, наместо помодерната верзија A2, за која би требало една година да стигне до Украина.

Слични содржини