Бектеши објави три документи: Ставрески и Груевски ги потпишале концесиите за „Иловица“

од Nikola Popovski
5,7K прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска сподели документи, во кои како што објави, е вистината за „Иловица“. Бектеши прикажа три документи: Првиот е доделување на концесија за геолошки истражување од страна на тогашниот министер Зоран Ставревски, вториот е доделување на концесија за експлоатација Иловица 1 – исто така од Зоран Ставревски, а третиот е доделување на концесија за експлоатација Иловица 2 од страна на тогашниот премиер Никола Груевски.

Бектеши вчера од собраниската говорница порача дека барање за спојување на концесии ставил на владина седница Никола Груевски во 2015 и 2016 година. Тој повтори дека позитивни мислења за рудникот „Иловица“ дале и тогашниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, како и министерот за транспорт и врски од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. Во овој контекст Бектеши јавно праша, зошто Димовски и Мисајловски не се присутни на седницата за пратенички прашања.

Слични содржини