Во својата последна објава на Инстаграм, Блејк Лајвли шокираше милиони фанови ширум светот соблекувајќи се во црвено бикини, иако пред само пет месеци го роди своето четврто дете.
Кога ќе ја видите нејзината најнова фотографија во црвено бикини, која ја објави на својот официјален профил на Инстаграм, да не сте знаеле, никогаш не би помислиле дека Блејк Лајвли го родила своето четврто дете пред само пет месеци. Убавата холивудска актерка ја покажа својата неверојатна фигура, откривајќи колку брзо се вратила во топ форма.
35-годишната Блејк ја покажа својата витка половина и завидните стомачни мускули, а фотографијата за само осум часа им се допадна на повеќе од 800.000 луѓе од целиот свет.
Таа реагираше на тој коментар означувајќи го својот личен тренер Дон Саладино и духовито напиша: „Дон Саладино е ‘виновникот’. Чекај. Не, не мислев така. Тој не е татко на моите деца. Тој е само личноста која ми помага повторно да ме собере мојата облека. Тој е уште подобар човек и пријател од само тренер, а тоа кажува многу за него“.
И покрај тоа што пред пет месеци го доби своето четврто дете со Рајан Рејнолдс, Блејк веќе работи со полна пареа. Не само што го снима својот нов филм „It Ends With Us“, туку работи и на промовирање на нејзиниот безалкохолен пијалок Betty Buzz.