Отповикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Северна Македонија во Јапонија

од Radmila Tasevska
376 прегледи

Владата го прифати предлогот на министерот за надворешни работи за отповикување на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, по што, претседателот на државата го потпиша указот за отповикување, кој што беше објавен во Службен весник, информираа денеска од МНР.

– Согласно законските надлежности и интерните процедури, Комисиjата во рамки на Министерството за надворешни работи му препорача на министерот за надворешни работи, да ѝ предложи на Владата повлекување на досегашниот амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, врз основа на член 3 од Уредбата за утврдување на работи кои се сметаат како незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата во работата на амбасадорот („Сл. Весник на РМ бр. 90/09)., појаснуваат од МНР.

Слични содржини