Колони возила на „Богородица“: Се чека еден час за во Грција

од Nikola Popovski
315 прегледи

Колони возила чекаат да ја преминат границата и да заминат во Грција. Како што информираа рано утрово од АМСМ на граничниот премин „Богородица“, за излез од земјава кон Грција се чека по околу еден час.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Заради зголемената фреквенција на патници и возила, во функција се ставени сите човечки и технички капацитети и работат петте сообраќајни ленти за автомобили и по една за автобуси и камиони.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини