„Немав среќа со најважните работи во животот“: Шерон Стоун искрено за тешките времиња

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Шерон Стоун денес е една од најпознатите и најплатените актерки во светот.

На 32-годишна возраст позираше за познатиот „Плејбој“, а две години подоцна глумеше во Basic instinct, филмот што ја катапултираше до ѕвезда.

Магазинот People ја вброи Шерон меѓу 50-те најубави луѓе на светот, а во Велика Британија го зазеде 77-то место меѓу најсекси ѕвезди досега.

И покрај бројните успеси и признанија, актерката изјави дека често ѝ недостигало она што е најважно во животот.

„Немав среќа со најважните работи во животот. Немав среќа со здравјето и немав среќа со бракот, но решив да продолжам понатаму со крената глава. Во 2001 година имав тешко мозочно крварење. Цели девет дена крв влегуваше во мозокот. Процентот на преживеани по она низ што поминав е многу мал. Потоа, две години повторно учев да одам, да зборувам и да читам. После тоа, секој разговор за брчките ми е смешен“, рекла еднаш своевремено.

 

„Никогаш нема да има целосен мир и спокојство на земјата. Но, мирот и спокојството можат да постојат во вашата глава. Во САД има 400.000 обоени русокоси со исти носеви, исти огромни усни, подуени образи и снежно бели заби. Дали некој ги смета за привлечни? Тешко. Кога имав 58 години, сфатив дека убавината доаѓа од внатре. За да бидете убави, треба да го правите она што го сакате и да го правите тоа секој ден. Сакам да танцувам и танцувам до исцрпеност“, додала актерката.

 

„Во првата половина од вашиот живот, вашето лице е она со што сте родени. Во втората половина од животот го имате лицето кое го заслужувате“, заклучила Шерон.

Шерон Стоун, инаку, важи за една од најинтелигентните луѓе во Холивуд и има коефициент на интелигенција 154, а на 58 години докторирала и тоа на универзитетот кој го напуштила кога била помлада.

Слични содржини