„Тоа е нечија емоција“: Чолиќ откри што прави со градниците кои ги добива од обожавателките

од Stefanija Kuzmanovska
367 прегледи

Најголемата балканска музичка ѕвезда и миленик на понежниот пол, Здравко Чолиќ, во својата кариера има одржано стотина концерти, а како што неодамна објавија медиумите, на еден концерт девојка од публиката му фрлила градник.

Многумина ги интересираше каде завршуваат градниците во вакви ситуации.

„Обично го давам тој градник на мојот тапанар, тоа се случува често. Тоа е убав настан. Станува збор за нечија емоција и убаво е кога ќе го добиете тоа среде настап. Не дај Боже поради тоа да прекинам концерт“, изјави пејачот за „Блиц“.

Со сопругот Александра е во брак 22 години, а еднаш била цел на обожавателка на Чола.

„Поминав и доживеав многу во мојот живот. Еднаш жена ми беше нападната од обожавателка со нож и ѝ го расече лицето. Сандра се оттргна, но малку беше поткачена, за среќа без поголеми последици. Тоа беше многу одамна, но сè уште го паметам до ден-денес. Мојата сопруга немаше некои други поголеми непријатности, бидејќи не се експонира, не е таков тип и мислам дека сопругите и децата треба да бидат подалеку од очите на јавноста“, наведе Чола во едно интервју.

Слични содржини