Постигнат договор за платата на машиновозачите

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Железничкиот сообраќај во државава ќе се нормализира вечер во 20 часот откако претставниците на машинскиот извршен персонал и на раководството во ЖРСМ Транспорт доцна попладнето постигнаа договор за исплата на вториот дел од платата за јуни и за старт на преговори за измени во актот за систематизација, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал.

Сообраќајот, што е во прекин од 13 часот денеска кога вработените стапија во бојкот, според најавите од Димовски, ќе се нормализира со возот за Битола 645 во 20.05 часот.

-Постигнат е договор со менаџерскиот на ЖРСМ Транспорт за исплата на вториот дел од платата за јуни во петок како и да почнат преговори за доставените барања за изменување и дополнување на систематизацијата со што ќе се зголеми коефицинетот на сложеност за машинскиот извршен персонал, а можно е и за сите вработени, изјави Димовски.

Во тек на неколку часовниот прекин на железничкиот собраќај, не се реализираше сообраќањето на два патнички воза од Скопје за Битола и за Гевгелија, додека од товарните немаше откажување.

Слични содржини