Неочекувано име на листата на фаворити за улогата на Џејмс Бонд

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Кој ќе биде следниот Џејмс Бонд е едно од прашањата што ги мачат фановите на филмовите 007 уште откако Даниел Крег објави дека заминува од франшизата. Се шпекулираше за голем број големи имиња од светската сцена кои би можеле да бидат во улогата на легендарниот шпион, па некои дури шпекулираа дека следниот Бонд ќе биде жена.

Сепак, Арон Тејлор Џонсон и Хенри Кавил се појавија како фаворити, но сега им се придружува уште еден филмски гигант.

Станува збор за Килијан Марфи, ѕвездата на новиот филм „Опенхајмер“, кој речиси преку ноќ ги зголеми трипати шансите да ја добие улогата на Џејмс Бонд.

Доколку продуцентите се одлучат за него, тој ќе биде само вториот Ирец во улогата на тој шпион, по Пирс Броснан.
Претходно се шушкаше дека таму би можеле да бидат и Џејми Дорнан и Ејдан Тарнер, како и Британци од други делови на островот, како Идрис Елба, Том Харди, Реџ Џин Пејџ и многу други.

Портпаролот на ирската обложувалница „БојлСпортс“ изјави за „Експрес“ дека дошло до „експлозија“ на интерес за Килијан Марфи.

„Би било фантастично да се види друг Ирец во кожата на познатиот шпион“, рече тој.

Иако интересот е голем, Марфи го чека долг пат до најпосакуваната улога на светот, барем според обложувалниците. Поголеми шанси имаат Џејмс Нортон, Папа Есиеду, Хенри Кавил и главниот фаворит Арон Тејлор Џонсон.

Слични содржини