Банката на Англија на својата веб-страница објави приказ на новите банкноти од британски фунти со ликот на кралот Чарлс Трети, кои во оптек треба да се појават до средината на следната година. Сликата на кралот ќе се најде на хартиени банкноти од пет, 10, 20 и 50 фунти.
Портретот на кралот ќе биде испечатен на предната страна на банкнотите, како и на безбедносниот печат, додека останатиот дел од нивниот изглед ќе биде непроменет. Банката на Англија наведува дека автентичноста на новите банкноти може да се потврди на ист начин како и оние со ликот на кралицата Елизабета Втора.
Банката забележува дека банкнотите со ликот на кралицата ќе продолжат да бидат во оптек, а нови банкноти со ликот на кралот ќе бидат печатени за да ги заменат оние што се истрошени од употреба и да се задоволат целокупното зголемување на побарувачката за банкноти.
Во соопштението на банката се наведува дека нејзиниот пристап е во согласност со насоките на Кралската куќа, со цел да се минимизираат еколошките и финансиските влијанија од оваа промена.
Производството на банкноти е квалитетно со високи безбедносни елементи кои спречуваат фалсификување.