Трудо се разведува: „Имавме многу тешки разговори, но остануваме блиско семејство“

од Vladimir Zorba
449 прегледи

Канадскиот премиер Џастин Трудо во средата објави дека се разделува од сопругата Софи Грегоар Трудо.

Во објава на Инстаграм, Џастин Трудо напиша дека тој и неговата сопруга донеле одлука да се разделат „по многу тешки разговори“.

„Како и секогаш, ние остануваме блиско семејство со длабока љубов и почит еден кон друг и за она што го изградивме и ќе продолжиме да го градиме“, напиша Трудо.

Тој додаде дека за доброто на нивните деца, „бараме да ја почитувате нашата и нивната приватност“.

Двојката е во брак од 2005 година и има три деца.

Слични содржини