268
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека борците на руската паравоена група „Вагнер“ се приближуваат кон источното крило на НАТО со цел да го дестабилизираат.
„Полска ќе одговори недвосмислено на овие руски и белоруски провокации“, рече Моравјецки на заедничката прес-конференција со литванскиот претседател Гитанас Наусед, пренесува Полското радио.
Тој додаде дека во Белорусија има околу 4.000 вагнеровци и дека на овој начин Русија ја тестира реакцијата на Полска и нејзините сојузници.