Викторија и Дејвид Бекам се во преговори за купување на луксузна вила на јадранскиот брег кај Тиват во Црна Гора. Парот го запознал сопственикот на овој луксузен имот во Лондон и потоа се заинтересирал да го купи, дознава Telegraf.rs.
По разговорот со сопственикот од Црна Гора, парот побарал да им биде испратена понуда за продажба на вилата.
Оваа луксузна вила се наоѓа во Доња Ластва и има прекрасен поглед на морето, а зафаќа површина од 4200 метри квадратни. Има четири нивоа кои се поврзани со лифт, а дворот е украсен со базен и градина со различни растенија, од кои едното е маслинка стара помеѓу 800 и 1000 години.
Во вилата, покрај дневната соба со поглед на градот и морето, има кујна, 7 соби, џакузи, соба за забава, теретана и други содржини за забава.
Наводно, цената на оваа луксузна вила е 12 милиони евра.