Hyundai и Kia им порачуваат на сопствениците на речиси 92.000 возила во САД да ги паркираат надвор бидејќи електронскиот контролер во пумпата за масло може да се прегрее и да предизвика пожар, пишува Анадолија.
Корејските производители на автомобили ги повлекуваат возилата и им кажуваат на сопствениците да ги паркираат подалеку од објектите додека не се направат поправките.
Повлекувањето опфаќа одредени возила Hyundai Palisade од 2023 и 2024 година, како и некои возила Tucson, Sonata, Elantra и Kona од 2023 година.
Засегнатите Kia вклучуваат Soul и Sportage од 2023 година, како и некои од моделот Seltos од 2023 и 2024 година.
Компаниите во документите наведуваат дека вградениот кондензатор во склопот на пумпата за масло за пренос може да е оштетен од добавувачот за време на производството. Ова може да предизвика краток спој и да го зголеми ризикот од пожар.
Kia вели дека има шест извештаи за топење на компоненти, но нема пожари или повредени. Hyundai соопшти дека потврдила четири „термички инциденти“ и нема повредени.