Њоки со пилешко

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Кремасти њоки со пилешко во кои ќе уживате.

Состојки:

– 700 мл пилешка супа

– 500 гр пилешки карабатак без коски

– 500 гр њоки

– 400 гр сечкани домати (може и од конзерва)

– 3 лажици павлака

– 2-3 чешниња лук

– 1 главица кромид

– 1 ловоров лист

– масло

– сол, бибер

– свеж магдонос

Подготовка:

Во тенџере загрејте го маслото и пропржете го ситно исечканиот кромид додека да омекне.

Додадете го пилешкото исечено на ленти. Динстајте неколку минути додека месото не добие златно-кафеава боја.

Потоа додадете ситно сечкан лук и пржете го една минута.

Истурете се заедно со сечканите домати и бистра пилешка супа, посолете и побиберете по вкус.

Ставете во тенџерето и ловоров лист. Покријте и варете околу 10 минути додека не се спојат вкусовите.

Додадете ги њоките во тенџерето и варете уште 10 минути, додека њоките целосно не се сварат и сосот не се згусне.

Кон крајот на готвењето, измешајте ја павлаката во смесата, па отстранете го ловоровиот лист.

Послужете топло со свежо сечкан магдонос.

Слични содржини