Четврти меѓународен собир „Цетињски филолошки денови“

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Под падините на величествениот Ловќен, во прекрасното Цетиње од 6. до 8. септември 2023 ќе се одржи Меѓународниот научен собир „Цетињски филолошки денови“ каде што своите научни сознанија од областа на јазикот, книжевноста и културата ќе ги презентираат научници од многу универзитети од Европа и од САД, од јазични и книжевни институти, од национални научни академии.

За научните кругови, Цетињските филолошки денови претставува настан на кој може да се слушнат сериозни и современи научноистражувачки сознанија од еминентни професори и научници.

Покрај главните секции, во рамките на оваа манифестација од особено значење е и одбележувањето на 130 години од раѓањето на познатиот југословенски и хрватски книжевник и енциклопедист Мирослав Крлежа.

Меѓународната научна конференција е во организација на Факултетот за црногорски јазик и книжевност (https://www.youtube.com/@fcjk/featured) од Цетиње. Овој Факултет е издавач на научното списание Lingua Montenegrina, индексирано во Clarivate Analytics Master Journal List, Emerging Sources Citation Index и Web of Science Core Collection.

Слични содржини