Невремето, дождот и поплавите кои парализираа делови од Словенија се примарна битка што ја води државата заедно со армијата и сите расположливи сили.
Фудбалот моментално е на втор план додека се води оваа борба.
Фудбалскиот сојуз на Словенија ги одложи сите натпревари од 3. коло на националниот шампионат поради невремето и поплавите предизвикани од обилните врнежи во некои делови од земјата.
Словенечкиот сојуз во петокот најпрвин го одложи натпреварот кој требаше да се одигра тој ден помеѓу Алуминиј и Копер, а потоа донесе одлука за одложување на целото коло.
Одложено е и целото коло од Втората лига на Словенија.
Zaradi izrednih vremenskih razmer so odpovedane vse tekme tretjega kroga #PrvaLigaTelemach.
Novi termini bodo določeni naknadno.
— Prva liga Telemach (@PrvaLigaSi) August 4, 2023
Состојбата во Словенија е драматична по силното невреме што вчера ја зафати земјата.
Поплавени се бројни места, а стотици пожарникари и членови на други служби за итни случаи се на терен.
Во општина Медводе, поради големите врнежи, водотеците на подрачјето на целата општина поплавија повеќе објекти и површини. Има и повеќе одрони и свлечишта на земјата.
Спасувачките екипи се во најзагрозените области каде спасуваат луѓе.