На руските функционери повеќе не им е дозволено да имаат западни службени автомобили

од Vladimir Zorba
862 прегледи

Автомобилите на Mercedes, кои се сметаат за статусен симбол меѓу вработените во Кремљ, веројатно наскоро ќе влезат во историјата бидејќи рускиот претседател Владимир Путин најави дека сите функционери во земјата можат да патуваат само со возила од руско производство.

Тоа е последица на војната во Украина, односно нова поделба меѓу најголемата земја во светот и западните земји.

За новата практика сведочи аудио снимка од средбата на шефот на државата со претставници на автомобилската индустрија, објавена од телеграм каналot Vy sluzhali Mayak.

– Можеби тоа ќе значи малку помалку помпа – рече Путин. Така треба да се поддржат домашните брендови.

Самиот Путин се вози во Aurus Senat (на фотографијата), еден вид руска копија на Rolls-Royce. Цената на блиндираната верзија е повеќе од еден милион евра. Но, се смета дека автомобилот на Путин е уште поскап бидејќи има повисоки нивоа на заштита.

Другите функционери, особено пониските, нема да имаат на располагање ваков лускуз. Тие сепак ќе возат поевтини модели, како разни модели на Lada…

Слични содржини